Мислевте дека двегодишни деца или четиригодишни деца беа најнепослушни?

Грешите, најтешкото допрва доаѓа. Мислевте дека двегодишникот е неверојатно непослушен?

Потоа, помисливте дека четиригодишните деца задаваат најголеми главоболки. За жал, најтешкиот дел допрва треба да дојде.

Сепак, повеќето родители веруваат дека најтежок период е кога детето има 2, 3, 4 години.

Не, на крајот на краиштата, тоа е 8-годишно дете. И навистина е тешко. На осум години, тоа е големо дете.

Осумгодишниците имаат автономија и своја личност и став, а повторно навечер сакаат да легнат со прегратки и играчки. Потоа, телото се подготвува за пубертет и затоа хормоните се менуваат.

Многу родители се согласија со фактот дека осмата година е најтешка, откако шестата помина полесно отколку што мислеа и по седмата, кога најчестите напади на гнев се тука.

Ако вашето дете сè уште нема осум години, ова може да биде вистинско изненадување.

Осумгодишниците можат да бидат тврдоглави и да водат инает, да трескаат врати и да превртуваат со очите, сè за да постигнат независност и индивидуалност. Глумејќи дека прават нешто, тие го покажуваат својот начин на игнорирање на родителите.

Очекувајте главоболки и подгответе голема количина трпеливост. Сепак, по напорниот ден, овие малечки сè уште ќе ги сакаат вашите прегратки. Тешко е да се биде родител на осумгодишен, но исто така е тешко да се биде осумгодишник, не го заборавај тоа.

 

извор: боза.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.