Новиот Закон за основно образование предвидува родителите на децата насилници да одат на советување. Алармантен е податокот дека во основите училишта во Скопје една третина од учениците постојано трпат некаков вид насилство, објави „Мета“.

Со новиот закон во член 5, е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство. Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите ќе се остваруваат низ различни наставни и вон наставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или педагошката служба – информираат од Министерството за „Мета“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.