Родители на новородено бебе во Германија го заборавиле бебето во такси со кое се враќале од болница. Хамбуршката полиција соопштила дека парот при излегување од таксито го зел со себе постарото дете кое имало 1 година, платиле и се поздравиле со возачот. Откако таксито тргнало сфатиле дека им недостасува најмладиот член на семејството. Таткото тргнал кон таксито, но не успеал да го стигне. Возачот не знаејќи дека во колата има новороденче, го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на ручек. Откако се упатил кон аеродромот, возачот сфатил дека има бебе во колата. Повикал полиција, а бебето по извршениот лекарски преглед било вратено на родителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.