Кралицата, наводно, работела два дена за да одговори на тврдењата на младиот пар, а извор од Бакингемската палата открил за Дејли меил дека кралското семејство сака „детално да ги испита фактите пред да излезе со својот одговор во јавноста“ . Особено е важно како ќе реагира на обвинението дека малиот Арчи не ја добил титулата принц затоа што е од мешана раса.

“Негирањето може да ги натера Меган и Хари да го исполнат ветувањето и да откријат кој член на кралското семејство ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Тие не им веруваат на двајцата”, тврди изворот.

Медиумите, од друга страна со нетрпение се обидуваат да добијат некаков коментар од членовите на кралското семејство, па британските новинари ја искористија можноста да се обидат да добијат изјава од принцот Чарлс по неговата официјална посета на црквата Хесус Хаус во северен Лондон, каде што се сретнал со медицински персонал и лица вакцинирани против ковид.

„Што мислите за интервјуто?“, извика еден новинар по него додека излегуваше.

Чарлс само се сврте да погледне кој го прашал, а потоа продолжи да оди. Неговата реакција може да се види на снимката во 3:09. Сведоците тврдат дека тој само се насмеал.

За потсетување, принцот Хари го спомна и лично неговиот татко, и рече дека во еден момент престанал да одговара на неговиот телефон.

„Татко ми престана да ми одговара на телефонот и ми рече да го известам за моите одлуки во писмена форма“, рече Хари, додавајќи дека принцот Чарлс го разочарал и ќе мора да работи на нивната врска.

Тој исто така рече дека жали за својот татко и братот затоа што не можат да ги напуштат своите позиции.

“Татко ми и брат ми се заробени, но тие не можат да заминат. Чувствувам големо сочувство за нив”, рече Хари во интервјуто на Опра Винфри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.