Бремена сум 10 недели. Работата ми е таква што мора да одам и трета смена и на терен. Сега, периодов е посвежо, ама знаете колку е топло и запурно во лето. Откако дознав дека сум бремена, 4 пати одам на разговор кај шефовите, но не ми излегуваат во пресрет да ме преместат на друга работна позиција, вели жена од Скопје.

Со проблем како нејзиниот, според гинеколозите, се соочуваат многу трудници. Се плашат да пријават за незаконското однесување на работодавците и ги молат да им помогнат со отворањето боледувања. Па освен што трудниците се под стрес и работат на позиции ризични за нивната состојба, тоа може да ја чини државата, која може да плаќа за нереални боледувања.

Го молев гинекологот да ми отвори боледување за ризична бременост и ми рече дека не е ризична. Ако пријавам во инспекција, ќе се дознае дека јас сум го сторила тоа, единствена бремена сум во фирмата. Сами знаете што ми следува потоа – додава жената во разговор за Деца.мк.

Се плашат да пријават

Д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози и акушери, за порталот вели дека матичните гинеколози имаат голем притисок од жени што имаат уредна бременост за да им биде отворено боледување, познато меѓу луѓето како патолошка бременост, зашто работодавците не ги прераспоредуваат на соодветна работна позиција.

Нè гледаат како ние да сме решението на проблемот. Страв им е да се расправаат со работодавецот, да пријават, а некои се и со договор на определено време, па се плашат дека нема да им биде продолжен поради бременоста. Јасно им е дека ако работат работа што не е соодветна за трудница, може да се најдат во ризична состојба, а може да се доведе под ризик и плодот што го носат. Законот определил дека треба да се прераспределени, дека не треба да работат трета смена и наместо тоа да се решава во работните колективи, во нас се гледа спасот. Законот мора да се почитува – раскажува д-р Филиповски.


Целиот текст на Деца.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.