Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ организира работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот, во рамки на проектот „On the point“. Работилницата ќе се одржи од 14 до 16 ноември.

Ќе учествуваат 20 учесници – архитекти и дизајнери, од кои по пет учесници доаѓаат од Англија, Холандија и Белгија и пет се од Македонија. Тие ќе работат во мешани тимови со цел да се дојде до најдобри решенија, преку размена на знаење, искуства и начин на размислување.

Во проектот „On the point” кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европска Унија се вклучени организациите „Мама“ од Ротердам, Холандија, Хет ентрепот од Бриж, Белгија, Фабрика од Брајтон, Велика Британија и Јавна соба од Скопје.

Преку овој проект целиме кон отворање на патот до поинклузивна, социјално и културно поразновидна културна понуда. Во двегодишна програма регрутиравме и патуваме со меѓународна мрежа на млади креативци. Во секој од нашите четири града (Бриж, Ротердам, Брајтон и Скопје), креативците уметнички работат на предизвици формулирани од секој град –домаќин, велат од „Јавна соба“.

Во рамки на проектот, во изминатиов период во Ротердам и Брајтон се обезбедија нови видови на креативно учење за локалните жители кои не учествуваат во уметност, преку две привремени креативни дела специфични за локалитетот, во две поставки на заедницата.

Во Бриж се постави простор за соработка специјално наменет за млади креативци за кои во моментот не се грижи културната понуда на градот Бриж. Во Скопје пак преку оваа работилница ќе создаде градина која ќе обезбеди нови видови креативен ангажман за социјално маргинализираните лица, додадоа од од Јавна Соба.

Секоје дело во секој град е ко-продуцирано со локалните жители и е со задача да ги премости географските и социјалните бариери со кои се соочуваат заедниците и маргинализирани лица преку креативна уметничка ангажираност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.