Првороденото дете во Берово во 2019 година се роди на 6 јануари неколку часа по полноќ.

Во Здравствениот дом во Берово, четири часа по полноќ, на 6 јануари (Бадник), мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.

Бебето е машко, тешко 2.550 грама и 48 cm долго.

Градоначалникот Пекевски, ги посети бебето и родилката во родилиштето во Берово и додели 6.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за првородено дете на територијата на Општина Берово во 2019 година .

Источна Македонија се соочува со намален наталитет со години назад. Исто така, голем број млади заминуваат во странство и ги напуштаат своите родни огништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.