Јапонското бебе кое беше родено со само 258 грама ја напушти болницата по шест и пол месеци интензивна нега и инкубатори, објавија од администрацијата на болницата.

Бебето е родено со царски рез во 22 недела од бременоста поради тешкотии поврзани со мајчината хипертензија.

До денес, рекордот во Јапонија го држеше момче кое тежеше 268 грама и беше отпуштено од болницата во февруари. Овој нов @рекордер” се вика Рижусуке Секи и сега тежи повеќе од три килограми

Пие млеко и сега може да се капеме, среќни сме што го гледаме како расте, рече мајката.

Расте процентот на преживеани новороденчиња кои се родени помали од 300 грама, но се уште е ниско, особено кога станува збор за момчињата.

Во секој случај, таквите деца мора да бидат под специјален медицински надзор во текот на првите години од нивниот живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.