Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни. Се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа, соопшти МТСП.

Во соопштението од МТСП се вели дека „за да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19,

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата, по заклучоци од Главниот координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.

Владата на Република Македонија во континуитет ги следи состојбите и потребите кои се во интерес и заштита на децата за што благовремено ќе продолжи да ја информира јавноста.

МТСП укажува дека наш врвен приоритет е грижата и заштитата на децата. Градејќи социјално праведно општество, обезбедуваме еднаков третман на сите деца. Се грижиме подеднакво за сите, соопштуваат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.