Роберт Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комунации објави на Фејсбук дека се разведува од сопругата Агнеса Ордановски која ја нарекува „фотошоп барбика“.

Ордановски ова го соопшти објавувајќи честитка за 17-от роденден на првата ќерка Вивиен.

Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене, напиша Орданоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.