Норвежанецот Кристофер Берган сакал да го изненади таткото на сопругата, кој живее на Флорида и да му го честита 61. роденден.

Норвежанецот тргнал на пат од Норвешка за Флорида и пристигнал во домот на Ричард Денис во вторникот вечерта. Затропал на вратата, но тој не знаел кој е надвор и со зборови го бркал ненајавениот посетител, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку часа подоцна, во 11:30 часот, Ричард Денис повторно слушнал тропање на вратата, но овој пат на задната врата.

Домаќинот го запалил светлото и излегол, а потоа неговиот 37-годишен зет од Норвешка скокнал од сенка. Денис се исплашил затоа што не разбрал за што станува збор и испукал од пиштол, а куршумот го погодил Берган во срцето.

Несреќниот Норвежанец починал на самото место, објави шерифот на округот Санта Роса, Боб Џонсон.

Шерифот во истрагата заклучи дека станува збор за несреќен случај и никој не е обвинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.