Ограничување на движењето, учење преку Интернет, карантин и немање доволно социјализација. Сето тоа негативно се одрази врз менталната состојба на децата. 25% од наставниците во средните училишта и 18 oтсто од наставниците во основното образование забележале вознемиреност и стрес кај учениците откако започнале учење од далечина.

Студијата спроведена од „Фајнанс тинк“ и УНИЦЕФ покажува дека меѓу другото, пандемијата, како и учењето од далечина, значително ги зголемиле депресијата и вознемиреноста кај децата. Најчувствителни се оние од ранливите категории семејства, како и кај оние со посебни потреби. Родителите и наставниците имаат поделени мислења за учење преку Интернет.

Претставникот на УНИЦЕФ во Скопје наведе дека децата се меѓу најголемите жртви на пандемијата, иако најмалку настрадале од болеста Ковид19.

Со повеќе од една година блокади, празни училници, прекинати услуги, губење на семејната егзистенција, животот на децата драматично се промени. Засегнати се сите деца од сите возрасти… Без дополнителни инвестиции во мерките за враќање на пристапот до виталната заштита, образованието и здравствените услуги, пандемијата може да има трајно влијание врз децата. Наш став е дека училиштата требаше последни да се затворат, а први да се отворат. Но, гледано на меѓународно ниво, се направи компромис, дека не можеше се да се отвори наеднаш. Заради менталното здравје, децата треба да уживаат во летните месеци, а за понатаму, прво да ги видиме условите, вели Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Скопје.

Според истражувањето, 19.000 деца на територијата на Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.