Поминаа 59 години од смртта на Џорџија Тан, а сеќавањата за нејзините злодела се’ вознемирувачки. Според најновите документи и сведоштва за неа, една од најсуровите жени во светот масовно тргувала со деца.

„Бизнисот“ на Џорџија Тан цветал цели 26 години, од 1924 до 1950 година. За тоа време, се проценува дека киднапирала или украла околу 5.000 бебиња од нивните родители и ги препродала во нови семејства. Ги крадела од оние од кои ѝ било полесно, се разбира, од сиромашните семејства.

Таа продавала само „бели“ деца, а особено добро на пазарот се продавале оние помалите со руса коса и сини очи. Таа веројатно ги крадела децата од многудетни семејства кои имаат многу деца, па така била убедена дека нема ни да забележат дали некој во моментот недостасува.

Застрашувачки е фактот што децата во нејзиното здружение „Тенеси дом за деца“ живееле во толку тешки услови што таму починале дури 500 од нив. Причината за смртта најчесто била глад, болест, злоупотреба, студ, а понекогаш и самата Тан ги убивала децата и ги погребувала во необележани гробови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.