Објавата на поранешниот директор на АЕК, Роберт Ордановски, на фејсбук, во кој најави дека ќе се раведува при што изнесе голем број „валканици“ од 18-годишниот брак со сопругата Агнеса, со која имаат две ќерки, предизвика лавина коментари во
јавноста.

Има коментари дека дека брачни проблеми не се решаваат на ваков начин, но и отворени навреди на адреса и на двајцата сопружници. Има и такви коишто коментираат дали се тоа било потребно и дали пишувајки ги критиките на адреса на сопругата, која ја нарече форошоп барбика, не помислил на тоа како ќе се чувствуваат нивните деца.

Како најзасегнат од навредливите коментари, Ордановски, во интервју за „ММС“ вели дека се обидува да ги игнорира навредите на луѓе коишто не знаат каква е неговата состојба и што му се случувало во животот.

Не реагирам на коментарите. Што да правам со нив? „Дебел“, „прасе“ .. Јас сум свесен за својот физички изглед и немам комлекс. Таков сум роден полничок и цел живот сум. Порано мислеа дека сум дебел бидејќи сум директор ама еве сега четири години не сум директор и пак сум полничок. Таква ми е конституцијата, се качувам на Водно и
не јадам, ама… Кој ме сака таков одлично, а на кому му смета мојот физички изглед нека не ме гледа воопшто. Јас сум тој. На 52 години што можам да сменам. Да почнам од почеток, да станам манекен… Лани имав сериозни здравствени проблеми и тој момент ми е малку тажен. Имав висок притисок, имав запушена каротидна артерија и која е предуслов за разни ситуации од кои некои се фатални. За коментарите за неа не сакам да ги читам, некои ја поддржуваат, некои не. До вчера мислев дека имаме идеален брак – вели Орадновски.

Тој вели дека добива и поддршка од некои луѓе, кои му пишуваат и му кажуваат дека и тие се соочуваат со слични проблеми

Јас некако ги иницирав лугето. Сега нон -стоп ми стасуваат коментари, пораки во кои отоврено ми кажуваат за нивните проблеми, ме поддржуваат, ме охрабруваат и јас сум им благодарен. Негативните не ги читам оти се сведуваат на тоа ете се бил директор сега не си, дебел си и тоа е. На тоа не реагирам, не ме тангираат – вели Орадановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.