Десет предлози за име на новороденче, со прекрасното значење – ангел!

За девојчиња:
1. Анѓа/Ангела – силно име кое потекнува од грчкиот збор angelus, што значи „ангел, гласник“.

2. Ангелина – ова е уште една верзија од името кое доаѓа од грчкиот збор „angelus“, кое значи ангел.

3. Гина – верзија од името Ангелина, само пократка, односно со исто значење како Ангелина.

4. Ариел – ова е англицизиран облик од хебрејскиот збор Arie’el кој значи „божји лав“.

5. Лејла – хебрејското значење на ова име е ноќ, односно најубавата од сите ноќи, а Лејла меѓу другото е и ангел на ноќта во еврејската митологија.

За момчиња:

1. Ангел – ова е машка верзија на името кое потекнува од грчкиот збор „angelus“.

2. Габриел – ова е име на архангелот кој ја пренел веста за Исусовото раѓање. Исто така, тој е ангел на радоста, животот, вистината, соновите и пресудата. Ова библиско име е многу популарно. Хебрејското значење на името Габрил е „Бог е мојата сила“.

3. Рафаел – ова име во христијанскиот свет е на еден од седумте архангели и се сметало за аштитник на науката, лекарите и патниците.

4. Михаел – значењето на името е исто како тоа на Бог.

5. Миховил- ова име го има истото значење како името Михаел и е една од неговите верзии, а во разни верзии е популарно и насекаде низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.