Ако сушите во стан или терасата, веројатно често се мачите како испраните алишта да ги сместите на сушалната. Но една корисничка на познатата платформа „Редит“ откри трик преку кој повеќе алишта можат да се сместа на сушалната. Овој трик за брзо време се прошири на социјалните мрежи.

Имено, нејзиниот метод е да перените алишта не ги ставаме преку жица, туку еден зад друг, како на фотографијата. Во тој случај максимално се користи просторот, бидејќи алиштата зафаќаат помалку место, и при тоа, се уредно здиплени. Овој метод е практичен кога станува збој за помали алишта како што се блузи, маици или здолништа.

Некои сметаат дека овој метод не е практичен бидејќи меѓу алиштата има премалку простор за струење на воздухот и затоа поспоро се сушат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.