Дванаесетгодишно момче од едно село на југот на Србија изврши самоубиство со пиштолот на татка си. Покрај неговото безживотно тело е пронајдено писмо кое тој го упатил на родителите како и 15 евра. Момчето напишало дека на овој ужасен чекор се решил откако веќе не можел да ги поднесе критиките поради лошите оценки.

Што точно се случувало во главата и во психата на момчето веројатно никогаш нема да биде сосема јасно. Но, во писмото, како што пишуваат медиумите во Србија, напишал многу потресни зборови.

Не можам веќе да поднесам да ме критикуваат поради лошите оценки. Сега веќе нема да има кого да критикувате.

Во писмото, наводно пишувало дека тој се надева дека детето што наскоро неговата мајка ќе го роди, ќе биде подобро од него.

Немам ништо да ви оставам, освен оваа заштеда од 15 евра.

Според неофицијални информации, момчето се убило со пиштолот на својот татко. Оружјето било заклучено во една фиока, а момчето успеало да ја отвори и да го земе пиштолот.

Мајката, која е бремена, за време на трагедијата била во соседството, а таткото бил во набавка на дрва. Таткото се занимавал со тешка физичка работа. Момчето имало и помлада сестра.

Психолозите велат дека депресијата кај децата и адолесцентите не се манифестира на ист начин како кај возрасните.

Тешко е да се препознае депресија кај децата, бидејќи симптомите се слично со оние кои се карактеристични за пубертетот и адолесценцијата. Она што е типично за депресијата е дека детето е тажно и меланхолично, а многу често, посебно кај момчињата се манифестира со агресија и променливо расположение, вели психолозхот Симиќ.

Таа додава дека постојат знаци на кои родителите треба да реагираат, ако ги забележат кај децата.

Промена на расположение, агресивност, тага или чувство на вина. Важно е да се внимава дали детето развило пореметување во сонот, односно тешко заспива, премногу спие или се буди рано, објаснува психолот, кој додава дека ако родителите се сомневаат дека детето боледува од депресија, треба да контактираат стручно лице.

Исто така е многу важно ако се забележи и промена во исхраната на детето.

Најчесто тоа е губење на апетит иако постојат и обратни случаи, како прејадување. Ние тоа го нарекуваме емотивен глад кој се надополнува со храна, вели психологот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.