Во исповед за австралискиот медиум „Кидспот“, мајка го признава она што многумина не можат – дека има фаворит меѓу своите деца, но ѝ дека ја избегнува едната ќерка. Ја сакам, но не ми се допаѓа нејзиниот карактер, вели таа.

Одговорот дека не може да одбере кое дете ѝ е омилено, но знае кое дете ѝ е помалку мило, кажан од оваа мајка на три деца, предизвика бурни реакциина интернет.

Вели и другите две деца имаат свои испади, но најстара ќерка Лили ја нервираа и кога може ја избегнува.

Немојте да ја мешате мојата ненаклонетост кон Лили со тоа дека не ја сакам, бидејќи тоа не е вистина, јас ја сакам. Таа е мое дете, но не ми се допаѓа. Може да направи било што, а јас ни тогаш нема да имам симпатии кон неа, пишува мајката.

Објаснува дека проблемот е во карактерот на Лили.

Личноста на Лили, карактерот и карактеристиките кои ги поседува не ми се допаѓаат, посебно како нејзина мајка. Таа е мрачна, себична, дрска и постојано создава кавги и драми. Тоа го прави и дома и на училиште, а освен тоа одбива и да ги прифати своите грешки или да работи на нив. И покрај тоа, Лили има многу пријатели и одлично се согласува со братот и сестрата. Сепак кога јас како мајка се обидувам да ѝ дадам до знаење дека мора да одговара за своите постапки, таа се фрустрира и го избегнува тоа по секоја цена. Поради тоа решив воспитувањето на најстарата ќерка да го препуштам на сопругот. Тој ја носи на спортски натпревари, забави, ѝ помага кога се училишните обврски во прашање, пишува таа.

Исто така, пред да почне да ја избегнува својата ќерка, се обидела да го направи сротивното – се обидела да го поминува целото време со својата ќерка и да се зближат, но тоа не ѝ успеало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.