Тифани Трамп, ќерката на поранешниот претседател на Америка, Доналд Трамп, се омажи за милијардерот Мајкл Булос со кој беше во врска две и пол години.. Најмладата ќерка на Трамп блесна во венчаница на модната дизајнерка Ели Сааб, а истиот дизајнер го облече и нејзиниот сопруг.

Љубовта ја крунисаа со венчавка на семејниот имот на Флорида.

Покрај младенците кои ги носеа креациите на култната дизајнерка Ели Сааб, во нејзините креации блеснаа и нејзината мајка Марл Мејплс и полусестрата Иванка.

Тортата на парот беше моделирана по онаа што ја имаа Доналд и Мејплс од Силвија Вајнсток, која Тифани отсекогаш сакала да ја има на својата свадба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.