Учениците од четврто, петто и шесто одделние наместо оценки како досега, на полугодие ќе имаат описни оценки. На крајот на годината ќе имаат оценки. Оваа новина е според новиот Закон за основно образование, а настаниците во основните училишта наредбата ја добиле пред две недели. Евидентниот лист ќе биде даден на увид на родителите на учениците.

Досега оценувањето почнуваше во второто полугодие од четврто одделение.

По јавната расправа за законот, невладини организации, односно граѓанскиот сектор барал да продолжи описното оценување и во четврто, петто и во шесто одделение. Бирото за развој на образованието ќе направи упатство, согласно кое на родителите ќе им се каже на која бројчена оценка одговара текстуалната оценка. На крај од учебната година оценувањето ќе биде бројчено – велат во Бирото за „Деца.мк“.

Наставници велат дека ова им е нова обврска која ќе ги оптовари дополнително со оглед на другите административни обврски што ги имаат во текот на учебната година.

Овој период во тек се родителските средби, кои се свикуваат по завршување на првото тромесечие од учебната година. Родителите ги добија евидентни листови со оценките на нивните деца, кои се описни, за секој предмет поединечно е впишано постигнувањето на учениците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.