Името Мухамед беше најпопуларно име во Осло и во 2019 година, тоа е најпопуларно име во норвешката престолнина веќе 12 години по ред, според норвешкото биро за статистика (СББ).

Најпопуларното име во Норвешка е Јакоб, а следат имињата Лукас и Филип.

Според норвешката статистика, 20 проценти од родителите во Норвешка се одлучуваат за имиња што се спомнуваат во Библијата.

Во 2017 година, истото име беше најпопуларно меѓу машките бебиња во шведскиот град Малме, а се најде и на листата на 10-те најпопуларни имиња и во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.