Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски средното образование го завршил во Канада. Оттаму носи убави спомени, но и трајни пријателства со луѓе кои живеат и работат денес во целиот свет. Утрово во емисијата „Мазагин“ на ТВ Силтел тој зборуваше за школувањето во Канада, семејството, обврските како татко и сопруг, за другарството.

Во класот со мене учеше сестрата на Џастин Трудо, Елиша. Целата генерација во тоа училиште се дружевме, не бевме многу деца, а првпат кој не внесе во дискотека беше токму Трудо. Тој работеше како заменски професор по училишта и како менаџер на кафулиења и клубови во Отава. Ете, така, преку него првпат влеговме во дискотека, се сеќава Муцунски.

Тој се сеќава на канадскиот премиер како на харизматичен млад човек, кој уште во тоа време имал способност да ги врзува луѓето околу себе.

Уште тогаш беше јасно што ќе стане, вели Муцунски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.