Хрватскиот пејач Мишо Ковач (77) во животот се борел со многу искушенија кои го довеле во еден момент до работ на бездната – доволно блиску за да се обиде да си го одземе животот. Светот му се урнал кога бил убиен неговиот син Еди како војник во 1992 година. мишо и неговата сопруга Анита тврделе дека се се случило под неразјаснети околности.

По смртта на Еди веќе не ми се живееше, често повторува Мишо во подоцнежните интервјуа и признава дека тогаш му се урнал светот. И неговата сопруга Анита била на таблети, а по кратко време им се распаднал и бракот.

Приказната што точно му се случило на неговиот син пејачот никогаш не ја раскажал до крај.

За разлика од документите што ги добивме, а во кои стоеше дека нашиот син умрел од прострелна рана во главата, таква со која се ѓивее, правата верзија беше инаква. Во тие документи пишуваше дека Еди умрел од сепса предизвикана од големо количество бактерии во организмот, рекла во една пригода Анита.

Пејачот видел надеж во гатачка, која ќе му го врати мирот.

Четири години бев полумртов, лежев наклукан со седативи или бев на гробишта, раскажува Мишо, кој во меѓувреме си го додава и името Мате.

Ивана (39) се потешко ја поднесувала отуѓеноста од таткото. По смртта на постариот брат, тешката депресија на татко ѝ, разводот на родителите, посегнала по хероин.

Јас бев толку фокусиран на себе и на својата депресија што не ја ни забележував нејзината зависност, изјавил пејачот пред неколку години. Сепак, сегашната сопруга на Мишо, Лидија, ја пронашла Ивана полумртва и ѝ го спасила животот.

Межутоа, сево ова оставило преголема трага на душата на пејачот и во 1999 година се обидел да се самоубие. Со пиштол си пукал во градите, но бил пронајден по половина час и лекарите успеале да го спасат.

Обидот за самоубиство е само кулминација на натрупаната тага и очајот поради загубата на синот, објаснува тој подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.