Војвотката од Сасекс сака да се ослободи од мислењето на другите. Заедно со принцот Хари, Меган сака да создаде „дигитални простори без омраза“.

По бракот со принцот Хари, Меган со години е под лупа на јавноста и медиумите ширум светот. Актерката доби многу пофалби и ентузијазам – но и многу отрови.

Ако навистина слушате што зборувам, тоа не е контроверзно. Во моментот кога ќе се ослободите од сите туѓи мислења, кога ќе знаете што е вистина за вас, тогаш станува возможно да живеете со вистина и автентичност, рече војвотката од Сасекс.

Заедно со нејзиниот сопруг, актерката сега се посветува на целта да гради заедници без омраза во дигиталниот простор, се вели во извештајот на „Fortune“.

Преку нивната нова фондација Арчевел, парот работи со други организатори и активисти за решавање на негативната страна на социјалните медиуми, од ефектите врз менталното здравје на поединците до системските последици од дезинформациите на платформите како Фејсбук.

Принцот Хари првпат ги осуди расистичките напади врз неговата сопруга на социјалните мрежи во 2016 година. Во летото, парот се приклучи на кампањата „Стоп на омраза за профит“, која ги повикува рекламо-давателите да не ги трошат своите пари на социјалните мрежи кои толерираат говор на омраза и токсично однесување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.