Во изводот од матичната книга на родените на децата родени во болницата Систина повеќе нема да стои дека се родени во село Злокуќани, туку во Скопје. Ова е предвидено во предлог измените на Законот за матична евиденција кои се објавени на ЕНЕР.

Освен оваа интервенција со измените на законот се предвидува признавање на нов род . Во овој дел законот превидува издавање на матичен број за лице го извршило промена на полот од машко во женско или обратно, а во него се утврдени условите и начинот на признавање на родот.

Првата промена на законот се прави на барање на група родители кои побарале во изводот на своите деца да се внесе градот Скопје, а не Злокуќани. Втората измена се регулира по пресуда од Европскиот суд на човекови права, се вели во образложението од Министерството за правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.