Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип денеска ја прославуваат својата 72-годишнина од брак.

Венчавката на Елизабета и Филип се одржала на 20-ти ноември 1947 година во присуство на 2.000 гости. Настанот на векот го пренесувале сите радио станици ширум светот.

По венчавката, кралскиот пар според правилата на повисоката класа во тоа време, живеел во одвоени соби. Елизабета и Филип го добиле принцот Чарлс на 14-ти ноември 1948 година, а принцезата Ана се родила на 15-ти август 1950 година.

На прославата на 50-годишнината од брак, принцот Филип во текот на здравицата рекол:

Најголемата лекција која ја научив во бракот е дека толеранцијата е најважниот зачин. Можеби не е толку важна кога сè оди одлично, но е важна кога работите ќе тргнат по надолна линија. Знам што зборувам бидејќи кралицата го поседува тој квалитет – толеранција”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.