Во 2020 година имало рекорден број на разводи и пад на бројот на склучени бракови за 33,3 отсто, јави МИА повикувајќи се на податоци од Министерството за правда.

Во изминатата година со мерки на претпазливост и рестрикции за заштита од ковид-19 имало 9 200 бракови што е за 4 614 помалку од 2019 година.

Низ изминатите 11 години, во просек, годишно се склучувале по 12 650 бракови.

Во изминатата година се развеле 2 284 парови што е најголем број на разводи во последните 10 години.

Од вкупно 26 Основни судови на територијата на РСМ, за МИА, 23 доставија одговори за правосилни одлуки по основ на развод во надлежност на нивниот суд.

Со податоци од 23 Основни судови, бројката на разводи е за 294 поголема од 2019 година, кога изнесувала 1.990.

Во просек, изминатите 11 години годишно имало по 1.767 разводи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.