Корисничка на Тик-ток со прекар „Уредната Керолајн“ во ново кусо видео покажува како да ја средите која било соба во куќата за само пет минути, следејќи неколку основни чекори.

Овие неколку чекори почнуваат, секако – со тајмер. Првиот чекор на Керолин вклучува отстранување на сите работи што „не ѝ припаѓаат“ на просторијата за чистење. – Тоа се храна, џемпери, книги, полначи од претходната вечер – објаснува таа.

Потоа, при тоа брзо „секојдневно зачистување“ низ дома, Керолин ги мести перниците на каучот и го преклопува ќебето за да ја направи просторијата поуредна и почиста. Потоа ги отстранува сите „впечатливи и очигледни“ дамки од површините на мебелот и огледалата користејќи домашен повеќенаменски спреј направен од оцет и вода измешани во сооднос 1 спрема 1.

Јас не чистам ништо темелно затоа што се само пет минути – затоа исчистете сѐ што се истакнува! – вели таа.

Потоа, таа ја брише прашината од телевизорот со крпа од микрофибер и ги сместува играчките на нејзината мачка во корпата. Таа истакна и дека метењето со правосмукалката е само за отворени површини, а не за агли и недостапните делови.

Ако немате време или енергија, ова е сосема доволно! – вели таа.

На крајот од видеото, Керолин покажа дека ѝ останале уште две секунди на тајмерот – што значи дека ѝ биле потребни помалку од пет минути за да ја исчисти собата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.