Од Бакингамската Палата објавија одговор на интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри.

„Целото семејство е многу тажно кога дозна дека изминатите неколку години биле предизвик за Хари и Меган“, се вели во соопштението издадено од Бакингемската палата во име на кралицата Елизабета.

Споменатите проблеми, особено тој што се однесува на расата, се загрижувачки. Семејството многу сериозно го сфати ова и ќе го реши приватно. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството, се вели во соопштението.

За потсетување, Меган и Хари упатија неколку обвинувања против кралското семејство во ексклузивното интервју, а изјавата дека некои членови на кралското семејство се загрижени за бојата на кожата на нивниот мал син Арчи, одекна во јавноста.

Имаше загриженост и неколку разговори за тоа колку може да му биде темна кожата кога ќе се роди, рече таа.

Семејството ги имало овие разговори со Хари, рече Меган. Таа одби да открие кој бил вклучен во тие разговори.

Тоа би било многу штетно за нив, рече тој.

Опра Винфри подоцна го праша принцот Хари за разговорите што ги водел со кралското семејство за Арчи додека Меган била бремена, или за загриженоста за бојата на кожата на момчето.

Никогаш нема да го откријам тој разговор. Беше непријатно и бев шокиран, рече тој.

Кога Винфри прашала дали може да ги открие прашањата што му биле поставени за време на разговорот, тој одбил, велејќи: „Не ми е пријатно да зборувам за тоа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.