Иако борбен на теренот, Дино Раѓа (52) е мекуш во срцето, особено кога се работи за семејството. Хрватскиот пензиониран кошаркар на социјалните мрежи редовно објавува емотивни статуси за луѓето што ги сака, а последниот им е посветен на родителите на неговата сопруга Викторија (41), со која е во брак 18 години.

За оние кои ги знаат, доволно е да се каже Стипе и Маре. Не одат посебно, само заедно. Ко Роко и Цицибела. За оние кои не ги познаваат, да се обидеме да опишеме. Јас ги обожавам. Кој зет си ги сака дедото и бабата? Ај дедото, ама бабата…

Еве овој. А колку ги сакам, тоа е посебна приказна. Нека се јави еден кој ги истетовирал нивните имиња, а да се уште здрави и живи. Тој сум! Еден ден ме пукна љубов, отидов, се истетовирав и си дојдов дома, пишува Раѓа на Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.