Деца со забавување во развојот кои се сместени во згрижувачки семејства ги загреваат срцата кај луѓето. Некои семејства им пружаат љубов и посветеност толку мајчински и се надеваат дека еден ден ќе им станат вистинско семејство. Засега пречка е постојната законска регулатива.

Иван од домот во Битола го земавме во многу тешка состојба. Цели ноќи плачеше, врескање, непроспиени ноќи, не сакаше да легне, седеше на кревет, така заспиваше со прсти во уста, имаше голем страв, вели Ана Илоска во чиј дом е сместен тригодишниот Иван.

Непроспиените ноќи на семејството Илиоски од Скопје и нивната искрена родителска љубов и големи напори беа причина малиот Иван кој има заостанување во развојот да се почувствува сакано и долгите ноќни плачења да ги замени со детски прегратки кон овие луѓе. До својата втора година тој бил сместен во дом во Битола, а од пред една година откако станале негово згрижувачко семејство тие направиле се да ги замолчат плачењата во ноќите на Иван.

Ана вели дека овие деца имаат голема потреба од љубов и грижа и посветеност, но оти знаат да возратат многу повеќе.

Кога го донесовме дома тој не го поминуваше прагот, не сакаше да влезе од просторија во просторија и со сопругата лазевме, правевме се и сешто за да дојде до нас за да го гушнеме. Не знаеше лажица да држи, не знаеше да се напие сок или вода, не знаеше да ни каже ништо, имаше голема траума, се присетува Ана.

Тие се уште го носат Иван на лекарски прегледи, но и во градинка каде децата се дружат со него и го покануваат на родендени и тие доаѓаат кај него. Но, и понатаму постои стигма кон Иван од некои луѓе од околината. Ана вели дека некои лекари се сомневаат оти Иван има аутизам и тоа може да се должи на трауми во минатото кој може да се надминат.


Целата сторија на Радио Слободна Европа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.