Драган Теводвски, сега веќе поранешниот министер за финансии им ја оствари желбата на своите ќерки. Трите девојчиња од него посакале да се врати на факултет, а некој друг да биде министер. Ова го открија во интервју за „Мајка и дете“.

Пред неколку дена Тевдовски беше разрешен од позицијата министер за финансии и на „Фејсбук“ објави дека во иднина повторно им се враќа на ангажманите на Економскиот факултет во Скопје.

Се надеваме дека целата ситуација ќе ѝ оди во прилог на желбата на неговите ќерки и дека Каја, Ема и Сара можат да бидат задоволни бидејќи тато сега ќе поминува повеќе време со нив.

фото: Виолета Огненовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.