Пред да ја запознае Кејт Мидлтон, принцот Вилијам бил во љубовна врска со пријателка од детството Арабела Мусграв, пишува во книгата „Вилијам и Хари: Зад ѕидовите на палатата“ авторката Кејти Никол.

Арабела му „паднала в око“ на младиот принц за време на една забава која ја организирал со својот брат Хари во подрумот на кралскиот имот. Арабела и Вилијам се познавале уште од детството, но кога ја здогледал на споменатата забава, веднаш му се допаднала, бидејќи, според зборовите на авторката, доста се сменила.

Како што е запишано во биографијата, Арабела и Вилијам пиеле и танцувале до раните утрински часови, а потоа и спиеле заедно. Цело лето биле неразделни, а добиле и благослов од принцот Чарлс.

Меѓутоа, Вилијам заминал на факултет од кој, како што наведува авторката на книгата, сакал да се откаже токму поради љубовта кон Арабела. Сепак, тогаш ја запознал Кејт и Бела останала во неговото минато.

View this post on Instagram

💃🏻💋💃🏻

A post shared by Bella Musgrave (@bellamusgrave) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.