Катарина Ивановска повторно ќе стане мајка! Манекенката е во рана бременост и за истата знаат само најблиските, објави Убавина и здравје.

Инаку, манекенката и нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања, а непосредно по неговото раѓање убавицата во интервју за „Вечер“ истакна дека мајчинството ја променило во целост, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.