Холивудската глумица Камерон Диаз стана мајка на 48 години. Во брак со Бенџи Меден, Камерoн го доби своето прво дете, ќерката Радикс Меден.

Среќна Нова година од семејството Меден!

Пресреќни сме, благословени и благодарни што ја започнуваме оваа нова декада со објавата дека се роди нашата ќеркичка, Радикс Меден. Таа инстантно ги зароби нашите срца и ја комплетираше нашата фамилија. Иако сме возбудени за објавата на веста, исто така чувствуваме силен инстинкт да ја заштитиме приватноста на нашата малечка. Па нема да споделуваме фотографии или други детали, освен фактот дека е преслатка!!!“ – напиша глумицата на својот Инстаграм профил.

Инаку, Камерон и Бенџи се венчаа во јануари 2015 години. Претходно, често се шпекулираше дека глумицата е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.