Првиот месец во годината знае да делува отрезнувачки кога се во прашање врските.

Во текот на годините, полека, но сигурно, месец јануари е прогласен за месец на развод.

Причината за ова е фактот што бројот на судски постапки за разводи секоја година е зголемен во првиот месец од годината.

Експертите веруваат дека ова е затоа што луѓето не сакаат да започнуваат толку болни теми и големи одлуки за време на празниците.

Празниците се период кога емоциите се искачуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или лути на партнерот, овој период може да биде пресвртна точка – изјави адвокатот за разводи Џејмс Грос Хафингтон.

Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украси, светилки, паѓаат под влијание на убава, волшебна празнична музика, толку многу што веруваат дека сè може да се смени и да оди на подобро. За жал, веднаш штом ќе поминат празниците, тие се уверуваат дека биле во право и пред празниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.