Терапевтката од британскиот портал „Сан“, Диадре, ја споделува приказната за 38-годишниот маж, кој побарал помош од неа. Мажот бил во среќен брак веќе 15 години и со својата сопруга имаат три деца, но сега мисли дека се заљубува во неговиот колега.

Со тој помлад маж се запознавме откако нè ставија во ист тим на работа и ситуацијата станува многу кокетна, раскажува тој.

Тој признава дека целосно се губи кога ќе го види својот колега.

Јас имам 38, а тој само 23. Никогаш не сум се почувствувал вака кон некој маж, а гледам дека и тој го чувствува истото. Постојано ми вели дека за мене би ја оставил својата девојка. Чувствата ни се интензивни, додал тој.

Диадре вели дека веќе се имала сретнато со слични приказни и му одговорила дека никој не е стпостотно хетеросексуален. Таа го посоветувала дека не смее да носи импулсивни одлуки, без притоа да мисли на своето семејство.

Кажете му дека морате да престанете со кокетирање се додека не се одлучите кој е вашиот следен чекор. Помош за да донесете одлука може да побарате од некој ЛГБТ центар, каде подобро ќе ви објаснат дали се работи само за минлива привлечност или за хомосексуална ориентација, која со години сте ја потиснувале, посоветувала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.