Повикувајќи се на извор на кралското семејство, „Би-би-си“ објави дека принцот Хари и неговата сопруга Меган не ја прашале кралицата Елизабета Втора за името на нивната неодамна родена ќерка Лилибет.

Всушност, Лилибет е прекар од детството на кралицата. Меѓутоа, извор близок до Хари и Меган тврди дека Хари разговарал со кралицата пред да му се роди ќерката и дека го спомнал прашањето за нејзиното име.

Односот меѓу Хари и Меган од една страна и британското кралско семејство од друга страна со месеци е во вниманието на јавноста.

Тоа е особено изразено по интервјуто на Хари и Меган кај Опра, кога остро ја критикуваа кралската фамилија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.