Русинката Антонина Михајловна (62) се шокирала, кога на врата пристигнал нејзиниот син Константин (43) , кого пред неколку месеци го препознала во мртовечницата и потоа го кремирала и погребала.

Во март годинава Антинина Михајловна од рускиот град Кронштат пријавила дека синот Константин е изченат веќе шест дена. По неколку месеци, полицијата ја информирала дека пронашле мртво тело на маж и ја повикалa да го идентификува.

Отишла во мртовечницата и потврдила дека тоа е нејзиниот син. Со неговата жена и ќерката организирале погреб, а претходно го кремирале телото на Константин.

По четири месеци, некој ѝ чукнал на врата и таа се онесвестила кога го видела синот, жив и здрав.

Подоцна било разјаснето дека Антонина била толку скршена од болка, што во мртовечницата за друг човек рекла дека е нејзиниот син.

Константин рекол дека заминал без поздрав, зашто имал потреба на далечно место да размисли за својот живот и да се најде себеси, а таму немал комуникација со цивилизацијата.

Полицијата сега врши истрага за да утврди кој е човекот што беше кремиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.