Американски војник познат под прекарот Фризмастер, се вратил дома од војна, среќен што ќе ја види сопругата после неколку месечната раздвоеност. Но, наместо романтичен пречек, го дочекало непријатно изненадување – дознал дека сопругата го изневерила дури 60 пати и тоа со неговите колеги. Покрај се тоа останала и бремена.

Откако дознал и се уверил дека информациите се точни, одлучил да се одмазди, а потоа да ја сподели приказната со целиот свет.

На почетокот таа беше се што барав во една жена. Слатка, грижлива, нежна. Се трудеше да ми биде партнерка во се, вклучувајќи дури и видео игри. Иако не знаеше, се трудеше за да поминуваме повеќе време заедно, вака ја започнува својата неверојатна приказна овој изневерен војник.

Тие двајца се запознале преку негов пријател, исто така војник, па веднаш се појавиле симпатии. Иако не сакал да се жени, Фризмастер го променил своето мислење од две причини – војската не дозволува излегување од базите на неоженети војници, а спиењето и будењето со жената на неговите соништа било нешто најубаво.

Тие на крајот се венчале, но среќата не траела долго.

Почнав да приметувам чудни работи. Она често ја “водеше својата болна мајка на лекар“. Одеше да купува на другиот крај на градот, ја гледав на чудни места. Кога почнав да истражувам, ми стигна наредба да одам во Кореја, раскажува Фризмастер.

Тој во Кореја поминал една година, а кога се вратил, го дочекале ужасни вести, неговата жена спиела со 60 негови колеги! Се тоа му го кажале нејзините роднини, во надеж дека тој ќе ѝ помогне да го поправи своето лошо однесување.

Спиела со 60 партери, главно војници. На нејзините родители им кажала дека јас сум хомосексуалец, и дека и ги бирам партнерите со кои може да има секс, затоа што знам дека немаат сексуално преносливи болести. Значи, мене ме користела да ја финансирам, а од друга страна, спиела со кого ќе стигне, открива тој.

Соочена со вистината и непоколебливата одлука да ја напушти, таа му признала дека го изневерила, ама само два пати. Фризмастер не сакал да слушне за смирување, посебно кога дознал дека неговата сопруга е трудна со еден од своите љубовници.

Ја земав куќата, која ја купив, цел свој имот, за да не ги продаде кога ќе дознае што планирам да напрвам, а тогаш покренав бракоразводна парница, својот автомобил едвај успеав да го вратам, зошто го дала не некој од љубовниците, за кого покасно дознав дека живеел во мојата куќа додека сум бил во војна, и тоа од парите кои јас ги праќав, се присеќава војникот.

Неверната сопруга дури се дрзнала да го тужи сопругот за имотот, а одбила да го признае своето неверство и вонбрачното дете.

Мојот адвокат ја изрешета со незгодни прашања за тоа кој е татко на детето, кога е зачнато и кој го издржува. Ѝ рече дека и заради давање лажен исказ може да биде казнета со затвор, одговори искрено. Но, ме наклеветила дека сум геј и дека ја изневерувам со нејзиниот внук (18)!

Гледав само во една точка на ѕидот, над левото рамо, како прав војник. На секое прашања одговарав кратко и искрено, но не ја навредив.

Кажувала дека ѝ го упропастувам животот, дека живеам од парите на нејзините вујна и вујко, што не беше точно, вели Фризмастер.

И покрај целото глумење на жената, судијата пресудил во негова корист.

Единствено барање на госпоѓата кое се усвојува е забраната за приближување и контактирање со господинот Фризмастер, рекол судијата, а кога почнала да вреска каде ќе живее, тој ѝ одговорил:

Немаш помош, барај друг: Овие мажи секогаш ќе те изневеруваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.