Поранешниот член на групата Нокаут, Владимир Крстевски – Франц по втор пат стана татко. Тој и неговата сопруга Ема од пред два дена се родители на уште една ќерка, Мона.

На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние, напиша Франц на својот Фејсбук профил.

Инаку, Франц и Ема кои со години живеат и работат во Лос Анџелес, во брак се од октомври 2014 година. Тие ја имаат и едногодишната ќерка Мелоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.