Одлуката кому ќе му припадне детето, на Северина или на нејзиниот сопруг Милан Поповиќ, го подели судот во Сплит, пишуваат хрватските медиуми.

Тричлениот судски совет на Судот во Сплит уште на 12 февруари одржал седница на која не била донесена никаква одлука. Проблемот бил, како што неофицијално се дознава, судијката Луција Ласиќ заговарала потврдување на првостепената одлука која е во корист на поранешниот сопруг на Северина, а другите две судијки биле против.

Седницата била одложена, така што уште не е познато како ќе заврши случајот и кој ќе добие старателство над детето на Северина.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.