Споредлувајќи прекрасна фотографија од себе во друштво на „брата си“, дело на Стефан Рајхл, Игор Џамбазов раскажува анегдота стара 40 години, од времето кога служел војска во Белград.

1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета “из Македоније”, прашав “кој”? А дежурниот на капијата ми рече: “Како ко, па дошо ти брат.” Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила “ленонки”. А дежурниот ми вика: “Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас”. И денес сфаќам да је био у праву…
П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.