Славниот актер, режисер, сценарист и продуцент Драган Бјелогрлиќ во колумна за „Turning Point“ напиша искрени зборови за својата ќерка Миа:

Покрај емотивните лузни кои сигурно уште долго ќе зараснуваат, ќе остане врежано и едно прашање на мојата ќерка – на кое немав одговор.

Во постојаните настојувања да ја убедам да се обиде да најде причина и да остане да живее во Србија, во еден од многубројните разговори, ми рече дека не ѝ пречи сиромаштијата и фактот дека Србија некогаш ќе биде земја во која повеќето ќе може да живеат нормално од своите примања. Ми рече дека знае дека Кнез Михајлова никогаш нема да биде како Кертнер Штрасе во Виена или Шанзелизе во Париз, и дека баш ѝ е гајле за тоа. Убава е и таква. Раскажа многу убави работи за нашата земја и зошто би сакала да живее баш тука, но ја мачеше само една работа…

Дали е неопходно сиромаштијата да ја следи и примитивизам? Дали општата деградација на вредностите е незаобиколувачка последица на економскиот застој? Дали овде секогаш примитивците „го водеа орото“, а пристојните луѓе се обидуваа да изградат свој алтернативен живот?

Преведено на јазикот на младите: „Дали мене цел живот сељаци ќе ми кажуваат што е добро, а што не? Дали за нив веќе однапред се резервирани скапоцени автомобили и луксузни сепариња, а за останатиот свет трамваи, автобуси и зачадени биртии? Дали таа поделба е завршена, тато?

Секој родител знае дека едно од најтешките работи во животот е она кога роденото дете ти поставува прашање на кое немаш одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.