Дениција е најчестото женско, а Давид најчестото машко име што граѓаните во земјава им го давале на своите новородени деца во текот на оваа година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2019 година кај новородените женски бебиња се Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња се Михаил, Стефан, Калин и Муса.

Како специфични имиња што родителите изминатава година им ги даваа на своите новороденчиња се Калија, Атанасија, Алиса, Лана, Ирис, Јоана, Доротеј, Дарин, Тео, Исак…

Според статистиката, најчести женски имиња во 2018 година биле Софија, Ана, Марија, Сара, Јована, Бисера, Мила, Инара и Ема, а најчести машки имиња Михаил, Петар, Дамјан, Марко, Лука, Давид, Матеј и Стефан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.