Британскиот премиер и неговата сопруга Кери Сајмондс наскоро ќе го добијат нивното второ дете откако во април минатата година станаа родители на синот Вилфред Лори Николас Џонсон.

Парот потврди дека наскоро доаѓа и второ бебе, а британскиот премиер одлучно потврди колку вкупно деца има откако со години го избегнуваше одговорот на тоа прашање, пишува „LADbible“.

Со поранепшната сопруга Марна Вилер тој има четири деца – Лара, Мило, Касија и Теодор. Џонсон во 2009 година добил ќерка со Хелен Мекинтари, а идентитетот на нивната заедничка ќерка останал непознат.

Пред бракот со Марина Вилер, Џонсон бил во брак со Алегра Мостин-Овен, но во бракот не добиле деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.