Според истражувањето на Лондонското училиште за економија, во кое се истражуваше кога е најдобро да се стане мајка, утврдено дека златните години за мајчинство се триесеттите.

Во истражувањето е опфатен развојот на 18.000 деца, а со анализата е донесен заклучоткот дека жените кои стануваат мајки кои во четвртата деценија, раѓаат интелектуални деца, што јасно се покажало со тестовите за когнитивни способности. Студијата докажа дека оваа врска важи за мајките кои во триесеттите првпат раѓаат деца.

Тие се образовани, имаат поголеми примања, поголеми се шанските тогаш мајките да бидат во стабилна врска со партнерот за разлика од помладите, имаат поздрав начин на живот, се грижат за своето здравје на време и ја планираат својата бременост – објаснува познатата докторка Алис Гојсис за „Тајмс“.

На овој начин, со својата изјава докторката ја поврзува психичката стабилност на мајката со нејзиното новородено дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.