Со повеќе активности во земјава се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март. Централниот настан ќе се одржи денеска во Кинотеката во Скопје. Во 17 часот е закажано свеченото отворање и одбележување на Светскиот ден на Даунов синдром, а потоа ќе биде прикажан и спотот „Hey you listen” на Стефанија.

Како продолжение на минатогодишниот проект „И јас сакам да бидам балерина“, ќе биде претставен дел од работата на Анастасија Центарот од Битола преку документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна на Стефанија „Hey you listen”.

Утре, ќе сеодржи настанот “I’m rocking this extra chromosome” на кој ќе се продаваат дизајнирани маички на тема Даунов синдром изработени од учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“.

Ние сме им бескрајно благодарни бидејќи со активни едукатори кои ги освестуваат нивните социјални приоритети и можности да градат поздраво општество, тие учат многу повеќе и даваат дел од себе за да создадеме општество за сите. Посебно сме среќни дека ова е нивна иницијатива и дека ја препознале нашата работа и веруваат во нашата мисија. Огромно благодарам!, вели Ида Мантон, претседател и основач на Центарот за Даунов синдром Скопје.

На 24 март ќе се одржи трката RUN FOR DOWN во организација на мечувалечкиот клуб Ескрим во Градскиот парк.

Се надеваме дека ќе ни се придружите, и не заборавајте да носите шарени чорапи, да ги обоите ноктите со различни бои, или на друг начин да ја покажете вашата поддршка кон барањето за подобрување на квалитетот на животот на лицата со Даунов синдром. Низ изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа дека има многу луѓе со Даунов синдром во нашето општество, коишто се соочуваат со секојдневни предизвици. Тие заслужуваат да живеат живот без дискриминација врз основа на попреченоста. Оваа година глобалната кампања се фокусира на #LeaveNoOneBehind со цел да отвориме простор за лицата со Даунов синдром во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот, додава Мантон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.