Британката Сју Радфорд за два и пол месеци ќе го роди своето 22-ро дете. 44-годишната мајка го има најголемото семејство на островот. Семејството Радфорд брои 24 члена и со нетрпение го очекуваат 25-тиот.

Гордата мајка напредокот го бележи на социјалните мрежи, а сега со 208.000 обожаватели споделила како изгледа трудничкото стомаче на 30-тата недела од бременоста.

Јас сум толку горда што 22 човечки суштества ми пораснаа во стомакот, напишала Сју, добивајќи скоро 15.000 лајкови и бројни пораки за поддршка и охрабрување.

Сју на свет ќе донесе девојче и веќе се договорила за термин на индуцирано породување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.