Постојано ви велат дека сте симпатични, мили и добри? Тоа не се добри вести за вас.

Веројатно веќе сте навикнале истите луѓе кои ви лепат убави епитети и да ве искористуваат за разни работи, а едно истражување покажало дека тоа може да ве вовлече во сериозни проблеми.

„Добрите луѓе“ се во многу поголема опасност од банкрот и финансиски проблеми од оние кои не им се многу омилени на остантите.

Американскто здружение на психолози спровело истражување кое покажало дека „милите луѓе“ не ги ценат парите исто како и оние кои не се толку симпатични.

Нè интересираше дали симпатичниот и топол карактер е поврзан со негативниот финансиски исход, вели научницата Сандра Мац, пренесува официјалната страница на здружението.

Претходните истражувања покажуваат дека таквиот карактер е поврзан со ниската заработувачка. само сакавме да провериме дали е тоа навистина така и да дознаеме зшто добрите луѓе секогаш го извлекуваат подебелиот крај, додава таа.

Во студијата се истражува дали причина за финансиски проблеми е што таквите луѓе се покоопераативни при преговарање за материјалните ствари или затоа што помалку ги ценат парите.

Откривме поврзаност на таквиот карактер со финаниски проблеми, поголеми долгови, неплатени сметки. Изгледа тоа се случува затоа што таквите луѓе едноставно не ги ценат парите, им е гајле за пари, па затоа се изложени на поголем ризик лошо да управуваат со пари, стои во заклучокот на студијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.